Почитувани ученици и ментори,
Согласно календарот за натпревари, Ве потсетуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2025/2026 година, ќе се одржи на 13.05.2026  (среда), со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни најдоцна до 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот и секое отстапување од пропишаното ќе биде соодветно санкционирано.
На државниот натпревар менторите ќе бидат ангажирани во прегледување на тестовите во интерес на времето на објавување на резултатите од натпреварувањето.

 

П Р О Г Р А М А
09:30  - Отворање на натпреварот

09:35 - 09:55 - Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање

10:00 - 11:00 - Натпреварувачки дел

Објавување на неофицијална ранг листа ќе биде во попладневните часови.

 

Ви посакуваме  успех на државниот натпревар!
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје