На 13.05.2026 година, во просториите на Универзитетот Скопје, успешно се одржа државниот натпревар по географија за учениците од основните училишта во учебната 2025/2026 година, во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со поддршка од УТМС Институт за национална географија.

На натпреварот учествуваа ученици од повеќе основни училишта од целата држава, кои преку своето знаење, аналитичко размислување и посветеност покажаа висок интерес за географската наука. Натпреварувањето се реализираше согласно предвидената програма и во атмосфера исполнета со академски дух, дисциплина и натпреварувачка мотивираност.

По свеченото отворање и распределбата на учесниците во просториите за тестирање, натпреварувачкиот дел започна во 10:00 часот и траеше до 11:00 часот. Тестовите опфатија содржини од повеќе области на географијата, со задачи насочени кон проверка на теоретските знаења, картографската писменост, логичкото поврзување и географската анализа.

Во текот на целиот натпревар беше обезбедено организирано и непречено спроведување на активностите, со ангажман на менторите и комисиите за прегледување на тестовите. По завршувањето на натпреварот беше извршена обработка на резултатите, по што следуваше објавување на неофицијалната ранг листа.

Рангирањето на натпреварувачите се врши според постигнатите резултати, од највисок кон најнизок број поени.

Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број поени, предност има натпреварувачот со поголем број поени освоени на сите нивоа на натпревари.

Секој натпреварувач има право на приговор во однос на резултатите од натпреварот и начинот на вреднување на тестот. Приговорот се поднесува во писмена форма во рок од 90 минути по објавувањето на неофицијалната ранг листа.

Резултатите од натпреварот ги разгледува и потврдува Државната комисија, по што се објавува конечната ранг листа. Одлуката на Државната комисија е конечна.

Право на награди и дипломи стекнуваат натпреварувачите кои оствариле највисоки резултати согласно пропозициите и Правилникот за натпревари.

 

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ