Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ ја известува јавноста дека свеченото доделување награди, дипломи и признанија за учениците и менторите на државниот натпревар по географија за учебната 2025/2026 година ќе се реализира на Универзитетот Скопје, 27 мај 2026 година со почеток во 14:00. Настанот претставува свечена завршница на натпреварувачките активности организирани од Здружението, во рамки на кои ученици од основното и средното образование од целата држава ги покажаа своите знаења, аналитички способности и интерес за географската наука. На свеченоста ќе бидат доделени дипломи, пофалници и награди за најуспешните ученици, како и признанија за наставниците ментори кои со својата посветеност придонесуваат за развојот на образованието и поттикнувањето млади таленти. Здружението упатува благодарност до сите учесници, ментори, членови на комисиите и институции што дадоа придонес во организацијата и реализацијата на натпреварот, како и до УТМС Институтот за национална географија за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен образовен настан.